Да работи бизнисот · Софтвер по мерка

Софтвер по мерка: системи за Вашата фирма и платформи за Вашите корисници

Систем за работата внатре во фирмата, или платформа што ја користат Вашите корисници. Го градиме според тоа како работите Вие, од првата скица до лансирањето, и го одржуваме потоа.

  • dispeceri.mk: 80+ компании и 450+ кандидати
  • yourdiai.com: 40.000+ е-пораки месечно
  • Сè е Ваше: платформа, код и податоци
Внатрешни системи

Софтвер за работата што сега ја водите во Excel.

Системот го користат Вашите вработени, со права според улогата, на компјутер и на телефон.

Диспечерство

Задачи, возила и возачи на една табла, со статус во живо.

Вработени и кадровска евиденција

Досиеја, договори, одмори и боледувања на едно место.

Пресметка на плати

Плати и платни листи од податоците што веќе ги имате, без препишување.

Управување со документи

Договори, фактури и обрасци, со пребарување и права за пристап.

Извештаи за здравствени установи

Извештаи што се прават сами од податоците, наместо рачно во Word и Excel.

Поврзано со Вашите алатки

Со сметководството, е-поштата, Excel и системите што веќе ги користите.

Што добивате

Платформи подготвени за вистински корисници.

Корисници и профили

Регистрација, најава и профили, со различни права за различни корисници.

Претплати и плаќања

Пакети, месечни претплати и фактури, наплатени автоматски.

Пребарување и огласи

Огласи, филтри и пребарување што работат и со илјадници записи.

Известувања

Е-пошта и известувања за секој важен настан на платформата.

Администрација

Панел за Вас: корисници, плаќања и содржина, на едно место.

Хостинг и раст

Хостинг што издржува раст, со надзор и резервни копии.

Наши изработки

Платформи што веќе работат, со вистински корисници.

Пред да прашате

Сè е Ваше, и цената ја знаете пред да почнеме.

  1. 01

    Страната е Ваша

    Страната, доменот и содржината се на Ваше име. Ако заминете, Ви ги предаваме бесплатно.

  2. 02

    Фиксна цена и рок, на хартија

    Пред да почнеме добивате понуда со цена и рок. Нема плаќање по час и нема скриени трошоци.

  3. 03

    Ако престанете да плаќате

    Не Ве заклучуваме. Ако не продолжите со претплатата, Ви ги предаваме страната, доменот и податоците.

  4. 04

    Со кого зборувате

    Со луѓето што го градат Вашиот систем. По телефон, на Viber или на средба.

Како работиме

Четири чекори, а Вие го одобрувате секој.

  1. 1

    Бесплатна консултација

    Разговараме за Вашиот бизнис. Ако имате страна или Facebook профил, ги гледаме пред тоа.

    Одговор во рок од 24 часа

  2. 2

    Понуда со фиксна цена

    Што правиме, колку чини и до кога, напишано, пред да платите што било.

    Рок: 2 работни дена по разговорот

  3. 3

    Дизајн, па изработка

    Прво го гледате дизајнот. Програмираме дури откако ќе кажете „да“.

    Рок: 2 до 6 недели, според системот

  4. 4

    Лансирање и грижа

    Го пуштаме, Ве обучуваме и продолжуваме да го одржуваме. Хостингот е вклучен.

    Потоа: месечна грижа

Цена

Еднаш за изработка, потоа мала месечна сума.

Договор на:
Софтвер по мерка

Кога сакате систем за Вашата фирма или платформа за Вашите корисници.

79 € / месец

со договор на 3 години · 99 € со 1 година

+ setup од 2.500 € еднократно

Точната цена ја добивате по бесплатната консултација. Плаќате 60% аванс и 40% по испораката.

  • Корисниците се најавуваат сами
  • Претплатите се наплаќаат сами
  • Сè управувате од едно место
  • Хостинг вклучен

Цени

Плаќате еднократен setup за изработката, а потоа месечна претплата за хостинг, одржување и измени. Колку подолг договор (од 1 до 5 години), толку помала месечна цена.

Погледнете ги сите цени

Месечната претплата вклучува

  • Хостинг, SSL и резервни копии
  • Ажурирања и безбедност
  • Мали измени на текст, слики и цени, без ограничување
  • Поддршка по телефон и Viber

Страната, доменот и содржината се Ваши. Ако заминете, Ви ги предаваме бесплатно.

Цената и рокот се фиксни и напишани пред да почнеме.

Изработките над 1.000 € ги плаќате во два дела: 60% аванс, со кој го резервирате терминот, и 40% по испораката. Потоа почнува месечната претплата, според договорот.

Цените се во евра, без ДДВ. Фактурираме во денари по курсот на НБРМ.

Прашања

Што прашуваат за софтверот по мерка

Имам само идеја или Excel табела. Дали тоа е доволно?
Да. На бесплатната консултација ја скицираме првата верзија: што мора да има на почеток, а што може подоцна, и колку би чинело.
Може ли системот да го користат само нашите вработени?
Да. Внатрешниот систем е достапен само за Вашите луѓе, со најава и права според улогата: што гледа диспечерот, што сметководството, што управата.
Чиј е кодот?
Ваш. Платформата, кодот и податоците се на Ваше име и Ви ги предаваме ако заминете.
Колку трае изработката?
Зависи од големината. Првата верзија ја планираме така што корисниците да можат да ја користат што побрзо. Точниот рок е во понудата.

Од Excel и тетратки до систем што го користи цела фирма.

Опишете ни како работите сега, а ние Ви враќаме прва верзија на план, со цена и рок.

Без обврска · Фиксна цена пред да почнеме · Сè е Ваше

Работно време: пон–пет, 9–17 ч. · Одговараме во рок од 24 часа во работни денови.