За нас

Софтверска компанија за бизниси од цела Македонија

Градиме веб страни, системи и платформи. Истата работа што ја правиме за клиенти надвор, сега ја нудиме и на бизнисите во Македонија, на македонски и со фиксна цена.

  • Основана 2023
  • Бизниси од цела Македонија
  • Проекти: dispeceri.mk, yourdiai.com, maalo.app, ordvaro.com

Зошто Codepreneur

Повеќето агенции во Македонија продаваат веб страни за неколку стотини евра, а потоа исчезнуваат. Бизнисите остануваат со страна што никој не ја менува, домен на туѓо име и без систем што навистина штеди време.

Ние градиме софтвер: системи за закажување, продавници, системи за клиенти и платформи што ги користат стотици луѓе секој ден. Истото знаење го нудиме и на ординациите, рестораните, продавниците и канцелариите тука, со цена што ја знаете пред да почнеме.

Работиме со бизниси од цела Македонија. Со Вас зборуваат луѓето што го градат Вашиот систем, не посредник.

Со кого зборувате

Луѓето зад Codepreneur

Фотографија на ДаниелДаниелОсновач · ги води проектите од првиот разговор до лансирањето
Фотографија на ЛеонардоЛеонардоКо-основач · ги гради системите и платформите
Во бројки

Codepreneur накратко

Основана
2023
Седиште
Штип
Уписи преку cda.mk
600+
Е-пораки месечно преку yourdiai.com
40.000+
Како работиме

Сè е Ваше, и цената ја знаете пред да почнеме.

  1. 01

    Страната е Ваша

    Страната, доменот и содржината се на Ваше име. Ако заминете, Ви ги предаваме бесплатно.

  2. 02

    Фиксна цена и рок, на хартија

    Пред да почнеме добивате понуда со цена и рок. Нема плаќање по час и нема скриени трошоци.

  3. 03

    Ако престанете да плаќате

    Не Ве заклучуваме. Ако не продолжите со претплатата, Ви ги предаваме страната, доменот и податоците.

  4. 04

    Со кого зборувате

    Со луѓето што го градат Вашиот систем. По телефон, на Viber или на средба.

Да се запознаеме преку бесплатна консултација.

Закажете бесплатна консултација: разговараме, а потоа добивате писмен предлог со цена и рок.

Без обврска · Фиксна цена пред да почнеме · Сè е Ваше

Работно време: пон–пет, 9–17 ч. · Одговараме во рок од 24 часа во работни денови.