Да работи бизнисот · Систем за клиенти (CRM)

Систем за клиенти (CRM): сè за секој клиент, на едно место

Клиентите, понудите, фактурите и роковите на едно место, наместо во Excel, е-пошта и тетратка. Системот го правиме по Вашиот начин на работа и го поврзуваме со алатките што веќе ги користите.

  • По мерка, не готов софтвер на англиски
  • Поврзан со е-пошта, Viber и сметководство
  • Сè е Ваше: систем, код и податоци
Дали Ви звучи познато?

Информациите за клиентот се на пет места.

Excel што никој не го ажурира

Секој вработен има своја табела, и ниту една не е точна.

Понуди изгубени во е-пошта

Не знаете кој чека одговор, а кој веќе купил кај друг.

Пропуштени рокови

Договор што истекува, плаќање што доцни, повик што не е вратен.

Како изгледа

Секое барање, со кого е и докаде е.

  • Ново барање од страната веднаш е во системот
  • Секој клиент со историја: разговори, понуди, фактури
  • Потсетник за секој рок
  • Вработените гледаат само тоа што им треба
Барања · оваа недела3 нови
ПонРаботно правоБ. АрсовКонсултација
СреНаследствоМ. ТасеваНово · од страната
ЧетДоговор за закупД. ИлиевДокументи примени
Ново барање од странатаНаследство · М. Тасева · среда

Пример: барања од клиенти за канцеларија

Што добивате

Помалку пишување, повеќе време за клиентите.

Картон за секој клиент

Контакти, разговори, понуди и фактури, на едно место.

Понуди и фактури

Понуда со два клика, од цените што веќе ги имате.

Рокови и потсетници

Системот Ве потсетува за повици, договори и плаќања.

Поврзан со Вашите алатки

Е-пошта, Viber, веб страна и сметководство, без препишување.

Права по вработен

Секој гледа само тоа што му треба за работата.

Каде е парата

Отворени понуди, неплатени фактури и продажба по месец.

Пред да прашате

Сè е Ваше, и цената ја знаете пред да почнеме.

  1. 01

    Страната е Ваша

    Страната, доменот и содржината се на Ваше име. Ако заминете, Ви ги предаваме бесплатно.

  2. 02

    Фиксна цена и рок, на хартија

    Пред да почнеме добивате понуда со цена и рок. Нема плаќање по час и нема скриени трошоци.

  3. 03

    Ако престанете да плаќате

    Не Ве заклучуваме. Ако не продолжите со претплатата, Ви ги предаваме страната, доменот и податоците.

  4. 04

    Со кого зборувате

    Со луѓето што го градат Вашиот систем. По телефон, на Viber или на средба.

Како работиме

Четири чекори, а Вие го одобрувате секој.

  1. 1

    Бесплатна консултација

    Разговараме за Вашиот бизнис. Ако имате страна или Facebook профил, ги гледаме пред тоа.

    Одговор во рок од 24 часа

  2. 2

    Понуда со фиксна цена

    Што правиме, колку чини и до кога, напишано, пред да платите што било.

    Рок: 2 работни дена по разговорот

  3. 3

    Дизајн, па изработка

    Прво го гледате дизајнот. Програмираме дури откако ќе кажете „да“.

    Рок: 2 до 6 недели, според системот

  4. 4

    Лансирање и грижа

    Го пуштаме, Ве обучуваме и продолжуваме да го одржуваме. Хостингот е вклучен.

    Потоа: месечна грижа

Цена

Еднаш за изработка, потоа мала месечна сума.

Договор на:
Систем за клиенти (CRM)

Кога сакате работата да оди без тетратка и Excel.

79 € / месец

со договор на 3 години · 99 € со 1 година

+ setup од 2.500 € еднократно

Точната цена ја добивате по бесплатната консултација. Плаќате 60% аванс и 40% по испораката.

  • Сите клиенти на едно место
  • Понуда и фактура за минути
  • Ниту еден рок не се пропушта
  • Поврзано со Вашите алатки

Цени

Плаќате еднократен setup за изработката, а потоа месечна претплата за хостинг, одржување и измени. Колку подолг договор (од 1 до 5 години), толку помала месечна цена.

Погледнете ги сите цени

Месечната претплата вклучува

  • Хостинг, SSL и резервни копии
  • Ажурирања и безбедност
  • Мали измени на текст, слики и цени, без ограничување
  • Поддршка по телефон и Viber

Страната, доменот и содржината се Ваши. Ако заминете, Ви ги предаваме бесплатно.

Цената и рокот се фиксни и напишани пред да почнеме.

Изработките над 1.000 € ги плаќате во два дела: 60% аванс, со кој го резервирате терминот, и 40% по испораката. Потоа почнува месечната претплата, според договорот.

Цените се во евра, без ДДВ. Фактурираме во денари по курсот на НБРМ.

Наши изработки

Системи што веќе работат, секој ден.

Прашања

Што прашуваат за CRM

Зошто не готов CRM, како HubSpot?
Готовите системи се на англиски, се плаќаат по корисник во долари и бараат Вие да се прилагодите на нив. Нашиот систем е на македонски и работи како што работите Вие.
Што се случува со податоците од Excel?
Ги пренесуваме ние, пред системот да почне да се користи.
Колку чини?
Од 65 € месечно и setup од 2.500 €, без ДДВ. Точната цена ја добивате по бесплатната консултација, во писмена понуда. Изработката ја плаќате 60% аванс и 40% по испораката, а потоа почнува месечната претплата.
Чии се податоците?
Ваши. Системот, кодот и податоците се на Ваше име, и Ви ги предаваме ако заминете.

Сè за секој клиент, на едно место.

Покажете ни како работите денес, а ние Ви враќаме предлог за систем, со цена и рок.

Без обврска · Фиксна цена пред да почнеме · Сè е Ваше

Работно време: пон–пет, 9–17 ч. · Одговараме во рок од 24 часа во работни денови.