Правни информации
Услови за користење
Условите што важат кога ја користите codepreneur.mk. Договорите за изработка и претплата се посебни и писмени.
- Важи од 1 ноември 2026
За страната
Страната codepreneur.mk ја води КОДПРЕНЕУР ДООЕЛ Штип, ул. Кирил Пејчиновиќ бр. 50, Штип, ЕМБС 7865465, ЕДБ 4029025532735. Со користење на страната ги прифаќате овие услови.
Цени и понуди
Цените на страната се почетни цени, во евра, без ДДВ, и служат за информација. Обврзувачка е само писмената понуда што ја добивате пред да почнеме, со цена, обем и рок. Договорот за изработка и месечна претплата се склучува посебно и писмено.
Бесплатна консултација
Бесплатната консултација е без обврска. Предлогот што го добивате е Ваш и може да го користите како сакате. Советите се мислење врз основа на тоа што го гледаме во моментот и не се гаранција за резултат.
Содржина и авторски права
Текстовите, дизајнот и сликите на страната се сопственост на КОДПРЕНЕУР ДООЕЛ Штип или се користат со дозвола. Не смеат да се копираат за комерцијална употреба без писмена согласност. Имињата и знаците на клиентите и проектите им припаѓаат на нивните сопственици.
Линкови кон други страни
Страната има линкови кон други страни, како проектите што ги изработивме. Не сме одговорни за содржината и за политиките за приватност на тие страни.
Одговорност
Се трудиме информациите на страната да бидат точни и ажурни, но не одговараме за штета настаната од користење на информациите без писмена понуда или договор. Не одговараме за прекини во работата на страната предизвикани од причини надвор од наша контрола.
Важечко право
За овие услови важи правото на Република Северна Македонија. За спорови е надлежен судот во Штип.
Промени
Условите ги ажурираме по потреба. Датумот на важење е наведен на врвот на страницата.