Пропуштени повици
Клиентот се јавува додека сте зафатени. Не се јавува втор пат.
Да резервираат и платат · Онлајн закажување
Клиентот избира слободен термин од телефон, добива потврда и потсетник, а Вие гледате сè во еден календар. Без повици додека работите и без тетратка.
Клиентот се јавува додека сте зафатени. Не се јавува втор пат.
Двојни термини, прецртани часови и пораки на три места.
Заборавиле на терминот, а Вие сте го чувале празен.
Како изгледа
Нов термин закажан онлајн веднаш се појавува во календарот и на Вашиот телефон.
Пример: систем за закажување за ординација
Копче „Закажете“ на Вашата страна и на Google профилот.
Клиентот добива потврда и потсетник, а Вие известување за секој нов термин.
Секој вработен или простор со свој распоред и свои услуги.
По потреба, клиентот плаќа депозит со картичка при закажувањето.
Преглед по ден, услуга и вработен, без бројање рачно.
Календарот го гледате и менувате од телефон, каде и да сте.
Страната, доменот и содржината се на Ваше име. Ако заминете, Ви ги предаваме бесплатно.
Пред да почнеме добивате понуда со цена и рок. Нема плаќање по час и нема скриени трошоци.
Не Ве заклучуваме. Ако не продолжите со претплатата, Ви ги предаваме страната, доменот и податоците.
Со луѓето што го градат Вашиот систем. По телефон, на Viber или на средба.
Разговараме за Вашиот бизнис. Ако имате страна или Facebook профил, ги гледаме пред тоа.
Одговор во рок од 24 часа
Што правиме, колку чини и до кога, напишано, пред да платите што било.
Рок: 2 работни дена по разговорот
Прво го гледате дизајнот. Програмираме дури откако ќе кажете „да“.
Рок: 2 до 6 недели, според системот
Го пуштаме, Ве обучуваме и продолжуваме да го одржуваме. Хостингот е вклучен.
Потоа: месечна грижа
Кога сакате клиентите сами да закажуваат.
59 € / месец
со договор на 3 години · 75 € со 1 година
+ setup од 990 € еднократно
Над 1.000 €: 60% аванс и 40% по испораката.
Цени
Плаќате еднократен setup за изработката, а потоа месечна претплата за хостинг, одржување и измени. Колку подолг договор (од 1 до 5 години), толку помала месечна цена.
Погледнете ги сите цениСтраната, доменот и содржината се Ваши. Ако заминете, Ви ги предаваме бесплатно.
Цената и рокот се фиксни и напишани пред да почнеме.
Изработките над 1.000 € ги плаќате во два дела: 60% аванс, со кој го резервирате терминот, и 40% по испораката. Потоа почнува месечната претплата, според договорот.
Цените се во евра, без ДДВ. Фактурираме во денари по курсот на НБРМ.
Кажете ни како закажувате денес, а ние Ви враќаме предлог за систем, со цена и рок.
Без обврска · Фиксна цена пред да почнеме · Сè е Ваше
Работно време: пон–пет, 9–17 ч. · Одговараме во рок од 24 часа во работни денови.