Прашања

Прашања и одговори

Одговорите на прашањата што ни ги поставуваат најчесто: за цената, роковите, сопственоста, хостингот и маркетингот.

  • Одговор во рок од 24 часа во работни денови
  • Пон–пет, 9–17 ч.
Цена и плаќање

Цена и плаќање

Колку чини?
Веб страна од 32 € месечно + setup од 499 €, закажување или онлајн продавница од 49 € месечно + setup од 990 €, систем по мерка од 65 € месечно + setup од 2.500 €, мобилна апликација од 65 € месечно + setup од 2.900 €, маркетинг од 349 € месечно, SEO еднократно 299 € или од 159 € месечно, хостинг од 149 € годишно, одржување на постојна страна од 29 € месечно. Сите цени се без ДДВ.
Дали цените се со ДДВ?
Не. Цените се во евра, без ДДВ. Фактурираме во денари по курсот на НБРМ.
Можам ли да платам на рати?
Да, во два дела. Изработките над 1.000 € ги плаќате 60% аванс, со кој го резервирате терминот, и 40% по испораката. Потоа почнува месечната претплата, според договорот.
Има ли скриени трошоци?
Не. Пред да почнеме добивате писмена понуда со цена и рок. Не наплаќаме отворено по час.
Изработка и рокови

Изработка и рокови

Колку трае изработката?
Веб страна за 2 до 3 недели, систем за закажување или продавница за 4 до 6 недели. Точниот рок е напишан во понудата.
Што треба да подготвам јас?
Текстови, слики и информации за услугите. Ако немате текстови, Ви помагаме да ги напишете.
Дали ќе го видам дизајнот пред да почнете?
Да. Прво го гледате дизајнот, а програмираме дури откако ќе кажете „да“.
Работите ли со бизниси од цела Македонија?
Да. Работиме со бизниси од цела Македонија, по телефон, Viber и видео-повик.
Сопственост и договор

Сопственост и договор

Чија е страната?
Ваша. Страната, доменот и содржината се на Ваше име. Ако заминете, Ви ги предаваме бесплатно.
Колку трае договорот?
Од 1 до 5 години. Колку подолг договор, толку помала месечна цена.
Што ако престанам да плаќам?
Не Ве заклучуваме. Ако не продолжите, Ви ги предаваме страната, доменот и податоците.
Хостинг и поддршка

Хостинг и поддршка

Дали хостингот и доменот се вклучени?
Хостингот е вклучен додека трае претплатата. Доменот го регистрираме на Ваше име.
Може ли да ја хостирате страната што веќе ја имам?
Да. Ги пренесуваме страната, доменот и е-поштата кај нас. Не мора ние да сме ја изработиле.
Дали ќе можам сам да менувам текст и цени?
Да, од телефон или компјутер. Ако не Ви се занимава, ни пишувате и ние ги менуваме. Малите измени се во претплатата, без ограничување.
Кога нешто не работи, кому се јавувам?
Директно на нас, на +389 70 602 138 или на Viber. Одговараме во рок од 24 часа во работни денови.
Маркетинг

Маркетинг и Google

Дали водите реклами на Google и Facebook?
Да, ги водиме ние, во фирмата, не ги препраќаме на друг. Ви покажуваме колку луѓе Ве виделе, Ви се јавиле и Ви пишале.
Дали гарантирате прво место на Google?
Не. Никој не може искрено да гарантира прво место. Гарантираме дека страната е направена како што Google бара, и секој месец Ви покажуваме бројки.
Не го најдовте одговорот?

Прашајте нè директно, или побарајте бесплатна консултација.

Ни праќате линк до страната или профилот и прашањето. Ви одговараме во рок од 24 часа во работни денови.

Зошто бесплатно? Така се запознаваме, а Вие гледате како работиме пред да платите денар.

Без обврска. Податоците ги користиме само за да Ви одговориме. Политика за приватност