Услуги

Услуги што Ви носат клиенти и Ви штедат време

Сè што му треба на еден бизнис на интернет, од едно место: страна што ја наоѓаат, систем што закажува и наплатува, и софтвер што ја крати работата.

  • Фиксна цена и рок пред да почнеме
  • Сè е Ваше: страна, домен и содржина
  • Одржување и поддршка во месечната претплата
Да Ве најдат

Ве наоѓаат на Google и Ве избираат Вас.

Да резервираат и платат

Закажуваат и плаќаат сами, и ноќе.

Да работи бизнисот

Помалку пишување, повеќе време за клиентите.

Пред да прашате

Сè е Ваше, и цената ја знаете пред да почнеме.

  1. 01

    Страната е Ваша

    Страната, доменот и содржината се на Ваше име. Ако заминете, Ви ги предаваме бесплатно.

  2. 02

    Фиксна цена и рок, на хартија

    Пред да почнеме добивате понуда со цена и рок. Нема плаќање по час и нема скриени трошоци.

  3. 03

    Ако престанете да плаќате

    Не Ве заклучуваме. Ако не продолжите со претплатата, Ви ги предаваме страната, доменот и податоците.

  4. 04

    Со кого зборувате

    Со луѓето што го градат Вашиот систем. По телефон, на Viber или на средба.

Прашања

Не сте сигурни што Ви треба?

Не знам која услуга ми треба. Од каде да почнам?
Од бесплатната консултација. Разговараме за Вашиот бизнис, а потоа Ви пишуваме што би го направиле прво, со цена и рок.
Може ли да земам само една услуга?
Да. Може да почнете само со веб страна или само со хостинг, а системите да ги додадете подоцна.
Дали сè е во една цена?
Изработката се плаќа еднаш, а хостингот, одржувањето и измените се во месечната претплата. Цената ја знаете пред да почнеме.

Кажете ни што правите, а ние ќе Ви кажеме што Ви треба.

Бесплатна консултација за Вашиот бизнис, со писмен предлог, цена и рок.

Без обврска · Фиксна цена пред да почнеме · Сè е Ваше

Работно време: пон–пет, 9–17 ч. · Одговараме во рок од 24 часа во работни денови.